Арсовска нема да добие унгарски пари за нови автобуси

Данела Арсовска најверојатно нема да добие унгарски пари за проектот за набавка на 95 автобуси за јавниот превоз, оти според првиот човек на локална самоуправа, овие средства се наменети за подобрување на инфраструктурата на општините.

Град Скопје освен проектот со кој бара пари за набавка на нови автобуси, поднесе и 19 други. Во останатите предлог проекти доставени до Министерството за локална самоуправа, се бара финансии за нови противпожарни возила, реконструкција на улици, како и пари за зајакнување на капацитетите на јавните претпријатија.

Повикот за доставување на проекти е затворен, а сумираните податоци покажуваат дека аплицирале сите општини во државата. Но, чиј проект на општините ќе биде одобрен, допрва ќе одлучуваат стручни комисии.

Со вакви проекти општините ќе може да аплицираат и догодина, а тогаш владата за нив издвојува дополнителни 250 милиони евра.

13.09.2024 - 17:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега