Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот во Неготинско

Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот во Неготинско, потврди за МИА,  Фанка Мингова Јанчева, овластено лице во Дирекција за заштита и спасување на Подрачно одделение Неготино и заменик командант на неготинскиот Штаб за заштита и спасување, која и самата е на терен.

- Во моментов се гасне околу село Пештерница кое нема жители, на терен се пожарникари од Неготино и Кавадарци, луѓе од неготинското комунално претпријатие. Дирекција за заштита и спасување учествува во гаснење со два тима, еден од Валандово и еден од Свети Николе со четири возила, појасни Мингова Јанчева. 

Пожарот избувна вчера околу 10.30 часот.

11.07.2024 - 16:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега