Апсење на Табановце: Македонец остана без своето ферари


Вчера во 12.30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Б.(45) од Центар Жупа затоа што при гранична контрола и проверка било констатирано дека идентификацискиот број на патничко возило „ферари 488“спајдер“ со германски национални ознаки, кое го управувал, бил фаслсификуван.

Возилото било одземено, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

16.08.2024 - 15:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега