Апел за помош на 41-годишната велешанка Елена на која и е потребна итна операција
На велешанка Елена, родена на 25 декември 1982 година, пред два месеца и е дијагностициран ADENOID CYSTIC CARCINOMA, карцином на нос и око, којшто мора веднаш да се оперира со цел да не се прошири во главата.
Пред три дена пуштени се броеви за донации A1 – 143 486 и ТЕЛЕКОМ – 143 122.
Исто така, може да направите донација со картичка, Pay Pal, ApplePay, GooglePay, Revolut на следниот линк: https://pavelandreev.bg/mk/campaign/da-go-spasime-jivoto-na-elena . На платформата можете да донирате без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо.
Како што информираат од нејзиното семејство, во моментов здравствената состојба на Елена е сериозно влошена, бидејќи секојдневно имала крвање од носот, како и главоболки. Треба да и се направат две или повеќе операции во Република Турција за кои е потребна сума од 50.000 евра. Нејзиното семејство вели дека оваа сума за нив во моментов е невозможна и затоа бараат помош од сите велешани и граѓаните од нашата држава и од странство.
Порачуваат дека тие како семејство секогаш помагале секаде каде што е потребно и затоа се надеваат дека сега сите заедно ќе им помогнат да си го спасат девојчето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа