Ангел Џамбаски му се закани на Пендаровски со атентат
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски упати сериозни закани кон македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој побара власта да забрани влез во Македонија за него и за неколку други бугарски државјани.
Џамбаски во интервју за софиската Нова ТВ најави дека секако ќе дојде на 4 февруари во Скопје иако не го планирал тоа. Додава дека сега е решен да го посети гробот на револуционерот Гоце Делчев, бидејќи „коминтерновецот“ Стево Пендаровски бара да му се забрани влез во Македонија. На Пендаровски му испрати порака преку која тој би требало да се потсети на некогашниот југословенски крал Караѓорѓевиќ и што за тоа во поглед на ВМРО вели историјата (кралот беше убиен во атентат во Марсеј во 1934 година, н.з.).
„Сакам да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерна, дека и во минатото имало личности кои се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија. Последниот таков пример е со југословенскиот, поточно со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа“, изјави Џамбаски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа