Американец до смрт ја претепал сопругата: Се скарале за трошоците за мачката

84-годишен маж од американската сојузна држава Пенсилванија е обвинет за убиство на својата сопруга по расправија околу финансиските трошоци за ветеринарната нега на нивната мачка.

Бартон Селтман е уапсен откако полицијата ја пронашла неговата сопруга Маргарет Селтман (85) мртва, јавува „NBC News“.

„Двојката се расправаше за пари за ветеринарна нега на нивната мачка, а во еден момент конфликтот стана физички. Доказите пронајдени на местото на настанот укажуваат дека жртвата била удирана повеќе пати во главата додека лежела на подот во кујната“, соопшти полицијата.

Властите велат дека Селтман сам ги повикал властите по инцидентот. Кога пристигнале, полицајците нашле маж на задниот трем со крв на рацете, лицето и облеката.

Селтман првично рече дека некој ја претепал неговата сопруга, за подоцна да признае дека ја нападнал откако таа грабнала нож и му се заканила дека ќе го убие.

Селтман на полицијата и рекол дека грабнал стол и со него ја турнал сопругата, која потоа паднала и ја удрила главата на подот.

30.11.2023 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега