Амбер Херд размислува да напише автобиографија
Амбер Херд, поранешанта сопруга на Џони Деп, размислува за можноста да објави свои мемоари.
Актерката од Danish Girl („Девојката од Данска“) наводно е подготвена „да ја сподели својата вистина“ со експлозивни сеопфатни мемоари, во кои ќе ги изнесе деталите за својот турбулентен двегодишен брак со Џони Деп и нивната жестока судска битка. Тој ја тужеше за клевета поради авторски текст во „Вашингтон пост“ од 2018 година, во кој таа тврди дека е жртва на семејна злоупотреба.
Извори за „Радар онлајн.ком“ рекоа дека 37-годишната актерка, која сега живее во Мадрид, Шпанија, со својата двегодишна ќерка, ќе бара околу 15 милиони долари за својата приказна и дека е подготвена да проговори откога стана цел на интернет-тролови во текот на минатогодишното судење.
„Амбер нема да биде замолчена. Таа чувствува дека била третирана многу лошо за време на судењето“, рече инсајдерот. „Таа се чувствува како да е жртва овде“.
Во меѓувреме, Камил Васкез, една од адвокатите на Џони на судењето, неодамна призна дека размислува за пишување книга, делумно за правната битка, но нагласи дека во моментот тоа е само идеја.
Таа изјави за „Пипл“: „Размислувавме за тоа. Бен (од адвокатскиот тим на Деп) и јас се пошегувавме дека треба да напишеме книга заедно, можеби за судењето. Чувствувам дека мојата приказна е можеби половина напишана. Се чувствувам како да има уште многу да се направи“.
„Иако судењето беше значаен дел од мојата кариера… вистинската приказна за тоа која сум јас и мојот пат, има толку многу за да се напише и да се направи.
„Имам наслов на ум. Можеби еден ден“.
Камил и остатокот од адвокатскиот тим на Џони често се во контакт со 59-годишниот актер уште од судењето и планираат да присуствуваат на еден од концертите на неговиот бенд „Холивуд вампајрс“ подоцна ова лето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа