Амбасадорот од Јапонија не е повлечен оти сексуално вознемирувал колешки, уверува МНР

 

 

МНР со став во врска со информацијата која дојде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за наводниот мегаскандал со македонскиот амбасадор во Јапонија.

„Како што веќе објавивме, повлекувањето на досегашниот амбасадор во Јапонија беше спроведено во редовна постапка, согласно законските прописи и внатрешните уредби во Министерството за надворешни работи и со почитување на сите процедури.

Во оваа прилика дозволете да информираме дека Комисијата во рамките на Министерството, како причини за повлекувањето на амбасадорот констатираше причини кои не се совпаѓаат со нападите изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните претставници’, велат од ова министерство.

Со пласирањето шпекулации и непроверени наводи кои не се потврдени, се нанесува, како што велат од МНР, лична штета кон човекот, кон неговото семејство, и неговите блиски; со ова однесување ВМРО-ДПМНЕ не само што го изгуби човечкиот компас, туку и директно ѝ нанесува штета на дипломатијата и на односите со пријателска земја како што е Јапонија.

31.07.2023 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега