Албанија: Се враќаат случаите на Ковид, засега не е потврдена новата варијанта
Инфекциите со коронавирус повторно се вратија во Албанија. Стручни лица од Институтот за јавно здравје информираат дека во јули има благ пораст на заболените во некои општини во државата, јавија тиранските медиуми.
-Епидемиолошката состојба е стабилна. Карактеристично е благо зголемување на случаите со Ковид во јули во однос на јуни. Зголемување на бројот на заразени е забележан во 15 општини, во 30 општини нема регистрани случаи, додека намалување на бројот на заболени е забележано во 17 општини, изјави Артан Симаку епидемиолог од Институтот за јавно здравје.
Според него до сега се уште не е изолирана новата варијанта на Ковид, E.G 5.1, идентификувана во Соединетите Американски Држави и некои европски земји.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа