Алармантен егзодус во Македонија: 45 училишта се затворени за 5 години
Бројот на основни училишта во Македонија поради масовоното иселување од државата се намалил од 1.042 во учебната 2018/2019 година на 1.000 во учебната 2023/2024 година, покажуваат новите податоци на Државниот завод за статистика пишува Блумберг Адриа.
Во истиот период, бројот на средни училишта се намалил од 138 на 135.
Во основното образование, од година на година се намалува бројот на влезната генерација, како и вкупниот број ученици. Бројот на запишани ученици во основно образование во учебната 2023/2024 година е помал за 4,8 проценти во споредба со 2013/2014 година“, информираат од ДЗС.
„Бројот на запишани ученици во средното образование, во учебната 2023/2024 година, во споредба со 2013/2014 година, е намален за 22 проценти“, информираат од Државниот завод за статистика.
Сериозно намалување може да се забележи и во високото образование. Ако се спореди со учебната година 2013/2014 со сегашната 2023/2024, намалувањето изнесува речиси 10 отсто, односо 9.4 проценти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа