Акција кај Танушевци: Спречен шверц на текстил, обувки и огревно дрво

 


Вчера во реонот на државната граница кај село Танушевци, скопско, од косовска и македонска страна на границата, Регионалниот центар за гранични работи Север при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ и Граничната полиција на Косово преземале заедничка и кооординирана акција за спречување на шверц со разновидна стока.

Притоа, на косовска страна била извршена контрола на возило комби „фолксваген“ со косовски национални ознаки и биле пронајдени повеќе од 100 пакети текстилна и друга стока, по што од слобода бил лишен возачот.

 

Подоцна, по извршена контрола на напуштени објекти околу граничната линија, полициски службеници во село Танушевци околу 19.00 часот пронашле повеќе од 130 кутии со разновидни обувки, како и околу пет кубни метри исечено огревно дрво. За настанот бил запознаен јавен обвинител, кутиите со обувки ќе бидат предадени на Агенција за одземен имот, а дрвата на Шумска полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

10.04.2025 - 12:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега