Ахмети: Со чувствата на Албанците нема играчка, нека им раскажат предците како поминале со математиката со нас Албанците

Подобро да не ги погледнеме документите и да не ја отвораме таа тема, бидејќи не се знае кој ќе излезе „најстароседелец“, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера во Сарај, каде го презентираше Насер Зибери како кандидат за прв премиер Албанец во државата.

„Ми поставија прашање новинарите, зошто сега е идејата за Премиер Албанец? Им одговорив, зошто не сега! Повелете, одговорете ми сега мене! Дали заштитници на ова земја се само Зоран и Христијан, но не и Насер?“, рече Ахмети.

Тој истакна дека дека е многу разочаран од македонските политичари кои наместо да ја поздрават, побрзале да ја негираат, според него, идејата дека Албанец може да биде премиер, и со тоа покажале дека сѐ уште не се сменети и сѐ уште имаат предрасуди дека само тие се сопственици на државата:

„Тие се млади и јас ќе ги потсетам да ги прашаат нивните предци кои беа вклучени во политиката, како поминале со математиката и со нас Албанците. Овие прашања не се играчка и ние со чувствата на граѓаните, особено на Албанците, не се шегуваме. Зошто толку многу избрзаа, ова е разочарувачки – наместо да ја поздравуваат, ова е храбра, корисна идеја не само за земјата, туку и за регионот и за Европа, зашто придонесува во движењето на лојалноста на Албанците кон државата“, рече Ахмети, додавајќи дека државата има потреба од лојалност на сите страни, „особено на двете поголеми заедници кои живеат тука и се носители на одговорноста на албанскиот и македонскиот интегритетот и суверенитет“.

Лидерот на интегративците порача дека идеите се бесмртни, а тие застанале зад идејата за премиер Албанец и нема да паднат во замката на скептиците и злонамерните. Ахмети потсети и дека со нивна помош Стево Пендаровски станал претседател:

„Ние навистина бевме за консензуален претседател, како и оваа идеја, ја поставивме тука и ја реализиравме. Но, овој претседател кој се натпреваруваше пред пет години не победи, но сега кога се натпреваруваше на избори со нашата поддршка победи и сега е на таа функција. Сакавме да дадеме порака за нашите сограѓани дека ова земја оди напред обединета. Петнаесетти јули не е далеку, а на 16 јули, кој сака да разговара ние сме тука, повелете“, заврши Ахмети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега