Агелер: Од критична важност е да се смири дијалогот меѓу Скопје и Софија

 

 

Амбасадорката на САД во земјава Ангела Агелер вечерва нагласи дека од критична важност е да се смират разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија и лидерите од двете страни на границата да можат да дискутираат смирено и рационално. Таа потенцираше дека не смета оти ескалацијата на дијалогот треба да го запре или одложи напредокот на земјава кон Европската Унија.

– Луѓето во државата секој ден можат да ги видат тие конфликти, и ескалацијата кај дел од дијалогот што ја сведочиме помеѓу оние во Софија и овие овде. Мислам дека е од критична важност тие разговори да се смират, лидерите од двете страни на границата да можат да дискутираат смирено и рационално, за тоа кој е патот напред, во врска со некои од овие проблеми кои ги видовме помеѓу различни индивидуи и заедници. Тоа е од критична важност. Но, дали тоа треба да го запре, или дури и да го одложи напредокот кон ЕУ? Не мислам дека треба, истакна амбасадорката на САД во интервју за ТВ „Телма“.

Таа го поздрави чекорот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој отиде во Софија и разговараше со тамошното Министерство за надворешни работи и со други лидери, за тоа како да се поддржат малцинските заедници овде во Северна Македонија и како двете држави да постигнат напредок во надминувањето на било какви точки на притисок помеѓу двете влади, за да можат луѓето од оваа земја да го продолжат напредокот во нивните европски аспирации.

23.01.2023 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега