Агелер: На С.Македонија и требаат повеќе истраги, тимот за санкции од Вашинтон е тука да одговори

 

Амбасадорката на САД во земјава, Агелер на Твитер пишува дека на Северна Македонија и требаат повеќе истраги, за да се покаже дека никој не е над законот. Дополнува дека тимот за санкции од Вашинтон ќе даде поагресивен поглед на сегашните корумпирани актери.

„Тимот за санкции од Вашингтон е тука за поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги, гонење, за да се покаже дека никој не е над законот“, стои во објавата на Агелер на Твитер.

06.12.2022 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега