Адвокатот Тома Фила за момчето што го изврши масакрот во Белград: Ако се утврди дека нема нарушување, си оди дома
Момчето Коста К., кое на 3 мај годинава уби девет свои врсници и чуварот на Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, сè уште е на специјалното одделение на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади во Белград, каде што е на преглед.
Татко му Владимир К. е во притвор, а на мајка му ѝ е забрането да ја напушти Србија.
Познатиот адвокат Томa Филa за „Телеграф.рс“ зборува за тоа каква судбина го чека момчето осомничено за масакрот.
„На осомниченото момче му се врши вештачење. Ќе биде детаљно прегледан и доколку лекарскиот тим утврди дека е ментално болен, остатокот од животот ќе го помине во лудница. Од друга страна, ако се утврди дека нема нарушувања, тој си оди дома“, тврди Фила.
Познатиот адвокат се осврна и на родителите на Коста.
„Не знам многу факти за татко му за да го предвидам исходот. Сè зависи од Обвинителството и за што ќе биде обвинет и како тоа ќе се докаже. Што се однесува до мајката, не гледам каков ќе биде резултатот од органот за старателство. Имало ли злоупотреба на деца?“, вели Фила по повеќе од два месеца од трагедијата.
Момчето што го изврши масакрот немало 14 години во моментот на злосторството и не е кривично одговорно според српскиот Кривичен законик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа