Адеми: Парламентот треба да биде вклучен во Берлинскиот процес, поради неговата законодавна и контролна улога во општеството

 

Претседателот на Комисијата за Европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Арбер Адеми, учествуваше на Тинк-Тенк Форумот на граѓанското општество, посветен на зајакнување на европската иднина на Западен Балкан, што се оддржа на 14 и 15 овој месец во Тирана.

Во рамките на форумот, на панелот посветен на „Зајакнување на Берлинскиот процес преку механизмите на отчетност“ свое излагање имаше Адеми, кој истакна дека Парламентот треба да биде вклучен во Берлинскиот процес, имајќи ја во предвид неговата законодавна и контролна улога во општеството.

Во контекст на досегашните придобивки од Берлинскиот процес како позитивен резултат, Адеми го посочи потпишувањето на трите договори за мобилност, кои беа ратификувани во Собранието на Република Северна Македонија, при што истакна дека со нивната имплементација граѓаните имаат практични придобивки во секојдневниот живот.

Адеми информира дека претставници на парламентите од регионот, усвоиле Декларација за улогата на парламентите во Берлинскиот процес во која се бара парламентите да бидат дел од Берлинскиот процес, како претставничко тело на граѓаните. Изрази очекување, дека на претстојниот Самит на Берлинскиот процес на 16 октомври во Тирана, ќе се донесе позитивна одлука по однос на барањето за учество на парламентите на ЗБ, и дека на следниот Самит ќе бидат вклучени како активни чинители.

Како што е наведено во денешното соопштение од собраниската прес-служба, на Форумот беше истакната потребата за развивање на механизмите на отчетност и информирање на Парламентот, од страна на Владата, по секое оддржување на Самитот на Берлинскиот процес.

16.10.2023 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега