Адеми од Врапчиште: Од материјалот со кој другите кренаа ѕидови ние изградивме мостови

Докажавме дека не се исти сите политичари. Ја напраивме јасна, разликата меѓу политиката и антиполитиката. Ние, со материјалот со кој другите кренаа ѕидови ние изградивме мостови, рече Адеми од Врапчиште.
„Мостови за да се зближиме, за една цел, за една визија, за прав пат, кон  иднината, а  тоа е членството во НАТО и во ЕУ.

За само три години, ги поместивме границите на невозможното. За само три години, поместивме планини.
Кога другите бегаа, ние рековме тука сме!
Кога другите се кријеа, ние застанавме напред!
Кога другите велеа тоа е новозможно, ние докажавме дека може!
Република Северна Македонија е веќе исправена, и тоа за само три години. И не само што е исправена, туку и цврсто стои на сопственото тло. Со тапија!
Македонија, без ВМРО ДПМНЕ, е сигурна, безбедна, перспективна и долговечна, истакна Адеми на трибината пред граѓаните на општина Врапчиште“ рече Адеми.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега