80-годишен ресенчанец со автомобил прегазил 79-годишен велосипедист


Вчера во 09:25 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на улица „29 Ноември“ во Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Х.Ј. (80) и велосипед управуван од Д.Б..(79) од Ресен.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во „Специјална болница Св. Еразмо“ во Охрид.

Увид извршила екипа од ОВР Ресен.

16.08.2024 - 16:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега