20-годишен скопјанец заврши зад решетки, извршил четири тешки кражби
Полициски службеници од СВР Скопје, Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар, вчера го лишиле од слобода Б.Х.(20) од Скопје, осомничен дека е сторител на четири кривични дела тешки кражби во угостителски објекти на подрачјето на Центар и во неколку продажни објекти на подрачјето на Чаир.
Како што денеска соопштија од МВР, по претходно добиени пријави за сторените тешки кражби, од кои две во април, а две во јуни годинава, полициските службеници Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар преземале низа оперативни мерки и активности на местата на кои кривичните дела се извршени, меѓу кои и прегледи на видео надзор и анализи на подигнатите траги, а по доставеното вештачење е утврдено дека Б.Х. е осомничен дека ги извршил четирите кривични дела.
- Тој е предаден во Полициска станица Бит Пазар, а во консултација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по брза постапка за постоење на основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“. Лицето денеска (24.07.2024) е изведено пред Судија на претходна постапка, кој одредил мерка притвор, се наведува во соопштението од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа