Зошто секоја четврта година е престапна?

Годината со 366 дена се јавува на секои 4 години.

Вообичаено, една година трае точно 365 дена, 5 часа, 45 минути и 46 секунди.

Токму овие 5 часа и неколку минути се причина зошто имаме престапна година.

Престапната година всушност помага во прилагодувањето на грегоријанскиот календар со соларниот календар за да навреме ги прославиме соларните настани како што се пролетната или есенската рамноденица секоја година.

Но, понекогаш дури ни дополнителниот ден, односно 29 февруари не е доволен за точно преклопување на овие календари.

Затоа научните ја создале „престапната секунда“

Престапната секунда е подесување од една секунда која повремено се применува на координираното универзално време за да се намали разликата помеѓу прецизното време кое го мериме со часовниците и непрецизното воочено соларно време кое варира поради долготрајното успорување на ротацијата на Земјата.

Престапната година секогаш се дели со 4 односно тоа биле 2016, 2020 и оваа 2024 година.

Лицата родени на 29 февруари се ретки, односно можноста да сте родени баш во тој ден се 1:1416.

Во народот постојат многу верувањa што смее а што не смее да се прави во престапната година.

Велат дека е баксуз венчавка и зачнување на дете во престапна година, но исто така и промена на работна позиција.

Овој ден уште се нарекува и „Bachelor’s Day“ бидејќи започнувајќи од 1700 година во Велика Британија, фенимистките овој ден го користат да ги побараат своите момчиња за мажи.

Во многу земји токму на 29 февруари има многу попусти.

30.01.2024 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега