Зошто осомничените не откриваат каде е телото на Данка? Постојат две теории
Постојат две теории зошто осомничените одбиваат да откријат каде го сокриле телото на Данка, пишува Блиц.
Еден факт е дека постои можност природата на делото да е многу грозоморна и дека осомничените стравуваат дека пронаоѓањето на телото дополнително би им ја усложнуваат состојбата во постапката против нив за тешко убиство.
„Од почетокот еден правец ртемелевме врз основа на осомничените, има тука уште милион информации кои сѐ уште не сме ги презентирале. Не може да се допре до совозачот, да каже каде го пренел телото од депонијата. Нашата последна верзија е дека тој направи нешто грозоморно со тоа тело“, рече шефот на УКП Нинослав Чмолиќ минатата недела.
Друга причина поради која осомничените не сакаат да откријат каде е телото може да биде тоа што се надеваат дека некако би можеле да се извлечат и да спасат од доживотен затвор доколку телото на девојчето не се најде.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа