Значително поголема излезеност на граѓаните на сегашните избори, во споредба со 2019 година

На овие избори за првиот круг на претседател може да се забележи значително поголема излезеност на граѓаните до 15 часот, во споредба со изборите во претходните години. Согласно податоците на Државната изборна комисија, до 15 часот, на овие избори 34,68% од избирачите го оствариле своето право на глас.

На претседателските во 2019 година, до 15 часот, излезеноста била значително помала, поточно нешто над 28%. 

Што се однесува до парламентарните избори во 2020 година, скоро 32% од граѓаните до 15 часот тогаш излегле да гласаат, додека пак на локалните избори во 2021 година, излезеноста на граѓаните била 31,47%. 

 

 

 

 

24.04.2024 - 16:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега