Змија предизвика хаос во воз полн со 600 патници


Во Јапонија времето се почитува до тој степен што ако (по некое чудо) воз доцни неколку минути, патниците веднаш добиваат формално извинување.

Од Централната железничка компанија соопштуваат дека возот навреме пристигнал во Токио од Нагоја, но поаѓањето за Осака било привремено прекинато, а причината е повеќе од бизарна.

Имено, персоналот забележал змија од 40 сантиметри како се влече на подот во еден од вагоните.

Повеќе од 600 патници морале да се префрлат во друг воз бидејќи Шинкансен бил исклучен од мрежата, а змијата подоцна била фатена.

Властите истражуваат како таа завршила во возот.

„Тешко е да се замисли дека змија ќе влезе во вагон на една од станиците. Имаме правила, кои забрануваат внесување диви животни. И покрај ова, ние не го проверуваме багажот на патниците“, беше соопштено.

19.04.2024 - 10:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа