Зибери: Задолжителни часови по албански јазик за сите ученици од 5-то одделение е прашање на еднаквост

Денес, во дворот на училиштето „Хасан Приштина“ во Чаир, кандидатот за премиер, Насер Зибери и носителот на листата изборната единица два, Арбр Адеми, остварија средба со учителите и наставниците, за да ги слушнат нивните потреби и да разговараат за можностите за подобрување на квалитетот на образованието, особено еднаквоста во образованието.

-Мојата заложба во текот на првите 100 дена како премиер Албанец
предвидува исто така и подобрување на иднината на нашите млади. Ќе го направиме задолжително предучилишно образование и ќе обезбедиме градинки во секоја општина, рече Насер Зибери, додавајќи дека задолжителното предучилишно образование гарантира еднакво образование за сите деца без оглед на нивниот социјален статус и им помага на новите семејства што е научно докажано, и дека предучилишното образованието придонесува за образовните кариери на децата и го намалува социјалниот јаз.

-Нашата најважна инвестиција ќе биде да ја зголемиме минималната плата за учителите и наставниците на 600 евра, со што ќе се валоризира нивната неуморна работа и придонесот за иднината на нашите деца, кои се иднината на нашето општество. Ние им ги доверуваме нашите деца, па со тоа нема поголема одговорност од оваа и тоа мора соодветно да се компензира, истакна Зибери.

За време на посетата, носителот на листата на изборната единица два, Арбр Адеми, истакна дека ќе се инвестира во образовната инфраструктура, во изградбата и реновирањето на градинките и училиштата во албанските населби, проекти за кои посочи дека дел се веќе во тек.

-Да изградиме еднаква инфраструктура, училишта и модерни градинки, дури и во населбите што се изоставени во однос на инфраструктурата долги години, истакна Адеми.

Кандидатот за премиер, Насер Зибери, се осврна и на една друга важна мерка предвидена за првите 100 дена, а тоа е задолжителното воведување на албанскиот јазик од 5-то одделение.

Законот за јазиците е донесен од страна на Собранието на Република Северна Македонија, а албанскиот јазик, сега веќе е официјален јазик во земјата. Ова е најважното достигнување за нас Албанците, посочи Зибери.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега