Жртва во пожар во Штип: Сам си ја запалил куќата и скокнал во базен

 

Регионалниот ЦУК Штип информираше дека има една човечка жртва при пожар на куќа во с.  Косевица, во месноста „Реката''.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонска Каменица денеска во периодот од 07.20 часот до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во с.  Косевица, во месноста „Реката''. Интервенирано е со две протипожарни возила. Материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема.

 Причина за  пожарот  е намерно палење на куќата од страна на жртвата  што била во негова сопственост. Според првичните информации од терен, жртвата по палењето на куќата, и самата зафатена од пожарот се фрлила во базен во којшто и починала. Точната причина за смртта ќе се знае по истрагата. Моментално, на лице место, се врши увид од страна на надлежни органи и институции.

07.02.2024 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега