Животот на Парис Хилтон ќе се претвори во ТВ-серија
Животот на Парис Хилтон ќе се преточи во телевизиска серија.
Продукциската куќа „А 24“ ги избра мемоарите на 42-годишната ѕвезда за претстојната серија. Продукциската куќа веќе склучи шестцифрен договор.
Парис би требало да биде вклучена во ТВ-серијата во некое својство, според „Ентертејнмент тунајт“.
Русокосата убавица ги објави своите мемоари – со наслов Paris: The Memoir – уште во март, а книгата го истражува нејзиниот подем до ѕвезда во раните 2000 години, како и нејзините лични битки.
Парис претходно тврдеше дека нејзините мемоари помогнале да се промени перцепцијата на јавноста за неа.
Во интервју за британски „Индипендент“ таа рече: „Луѓето сега повеќе ме разбираат поради книгата“.
Парис исто така откри дека во тинејџерските години измислила лик што личи на Барби за да се заштити.
Таа објасни: „Поминував низ тешки периоди кога го создадов овој измислен живот на куклата Барби“. Тоа беше лик што го ставив како маска за да се заштитам себеси“.
Парис дури и усвои глас што ја направи да звучи рапаво и необично.
Таа го создаде ваквиот лик во обид да се дистанцира од статусот на богата наследничка.
„Моето семејство отсекогаш сакаше да бидам коректна и конвенционална. Но, не сакав да бидам позната како внука на хотелиерот на ‘Хилтон’. Сакав да бидам позната како некоја друга“.
Парис исто така смета дека пишувањето мемоари е терапевтски процес.
„Ова беше најтерапевтското искуство во мојот живот, кога изнесов сè на виделина“, изјави таа за „Ентертејнмент тунајт“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа