Жена каква што секој посакува - водителката Елена му приреди незаборавна роденденска забава на сопругот (ФОТО)

 

Една од најпознатите водителки на македонските простори, Елена Најдоски, приреди спектакуларно роденденско изненадување за својот сопруг Бојан во текот на вчерашната вечер. Продуцентката на емисијата „Живот со стил“, со своите следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“, низ Приказни, сподели дел од атмосферата од роденденот.

Може да се забележи дека Најдоски внимавала и се погрижила секој детаљ од прославата да биде совршен и веселбата да помине во најдобар ред. Навистина станува збор за голема прослава. Просторот бил декориран од врвни професионалци, а за добрата забава се погрижи Јованов Иван со бендот.

Сите гости на прославата биле многу весели, кои со чашите в рака танцувале на познати песни. 

Водителката и продуцентка Елена, блесна во црна секси креација покрај својот сопруг. 

12.10.2022 - 17:11
Фото: 
Принтскрин Инстаграм / @elena_zivotsostil

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега