Зголемен бројот на туристи во Македонија

Во јуни годинава во земјава се евидентирани 119 751 туристи, од кои 23.0 % биле домашни туристи, а 77.0 % странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во јуни 2024 година изнесува 245 249, од кои 27.6 % се од домашните туристи, а 72.4 % од странските.

Во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11.1 %, и тоа: кај домашните туристи за 3.3 %, а кај странските за 14.4 %.

Зголемување во периодот јануари – јуни годинава има и кај бројот на ноќевањата, за 9,9 %. Кај домашните туристи зголемувањето е за 6.3 %, а кај странските за 11.8 %.

12.08.2024 - 17:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега