Земјотрес ја погоди Албанија
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија, јавува ЕМСЦ
Епицентарот бил на 94 километри јужно од Елбасан, на длабочина од 14 километри.
Ударот се случил во 20 часот и 59 минути.
Нема извештаи за евентуална штета или жртви.
06.03.2024 - 22:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа