Зеленски воведе санкции за 51 физичко лице и 220 фирми
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска воведе санкции за 51 поединец и 220 компании поврзани со транспортниот, комуникацискиот и индустрискиот сектор во Русија и Белорусија.
Указот е објавен на официјалната веб-страница на украинскиот претседател.
Меѓу компаниите на новата украинска листа на санкционирани се Mobile Telesystems (МТС), Лизинг Волга-Днепр, Руска железница-логистика, РЗДстрој, Експерименталниот металуршки комбинат Соликамск, Државниот истражувачки институт за хемиски производи и автомобилскиот комбинат Минск.
Во април Зеленски санкционираше 438 физички лица и 254 компании од Русија и Белорусија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа