Зеленски со турскиот министер разговараше за договорот за извоз на жито преку Црното Море

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан со кого разговараше за договорот за извоз на жито преку Црното Море.

„Разговаравме за многу важни прашања. Украинска формула за мир, подготовки за Глобалниот самит за мир. Ризиците од руската блокада на коридорот за жито во Црното Море“, напиша Зеленски на својот профил на Телеграм.

Турските медиуми објавија дека Фидан планира да разговара на темата за продолжување на договорот за извоз на жито од Украина и за време на неговата претстојна посета на Русија.

Минатиот месец Москва го прекина учеството во договорот за жито, посочувајќи дека не се испочитувани ветувањата дадени во негови рамки.

25.08.2023 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега