Зеленски: Разговарав со Ковачевски за продлабочување на билатералните односи меѓу нашите земји

 

Откако претходно денеска премиерот Димитар Ковачевски откри дека имал телефонски повик со украинскиот претседател Воломир Зеленски и ја пренесе информацијата дека ќе ја посети Украина, на социјалната мрежа „Твитер“ се огласи и самиот Зеленски.

Тој истакна дека со Ковачевски разговарале за продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји.

„Имав суштински разговор со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, на почетокот на претседавањето со ОБСЕ на Северна Македонија. Разговаравме за ризиците од ескалација на фронтот, натамошната одбранбена соработка и продлабочување на билатералните односи меѓу нашите земји“, напиша Зеленски на Твитер.

09.01.2023 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега