Димитриеска Кочоска на средба со Волерс: Македонија закрепнува и се работи на подобрување на финансиската состојба

 

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ и министер за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска оствари средба со секретарот за меѓународна соработка на ЕПП, Патрик Волерс.

ЕПП е движечка сила во ЕУ и од нашето семејство доаѓаат голем број на партии кои се власт во ЕУ и Европа во целост.

На средбата е разговарано за приоритетите на новата влада наметнати од моменталната финансиска и економска состојба на државата.

Од страна на потпретседателката е акцентирано дека државата закрепнува и се работи за економска трансформација.

Воедно договорено е дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со интензивна комуникација со ЕПП во насока на градење на капацитети и општ развој.

06.11.2024 - 14:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега