Зеленски: Путин го уби Пригожин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека рускиот лидер Владимир Путин стои зад смртта на водачот на платеничките бунтовници Евгениј Пригожин, кој загина во нерешена авионска несреќа минатиот месец заедно со највисоките соработници.
Зеленски, кој тврдењето не го поткрепи со докази, даде коментар на конференцијата во Киев кога му беше поставено прашање за рускиот претседател.
„За неговата рационалност и слабост говори и фактот што го убил Пригожин – барем тоа е информацијата што ја имаме сите, а не нешто друго“, рече Зеленски.
Кремљ соопшти дека ќе ги истражи сите можни причини за несреќата, вклучително и можноста за убиство.
Москва го нарече „апсолутна лага“ тврдењето дека Путин наредил убиство на Пригожин и неговите луѓе.
Пригожин го предводеше краткиот бунт во Русија ова лето, кое претставуваше најголем предизвик за владеењето на Путин откако тој дојде на власт во 1999 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа