Зеленски ги разреши од должноста првиот помошник и тројца советници

 


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска разреши неколку блиски соработници, меѓу кои и неговиот прв помошник Серхи Шефир, објавија украинските медиуми.

Шефир беше назначен за прв помошник на Зеленски во 2019 година.

Зеленски разреши и тројца негови независни советници – Олех Устенко, Серхиј Трофимов и Михаило Радучки, пренесува „Униан“.

Разрешени се и Наталија Пушкарјова, комесар за волонтери на претседателот и Олена Вербичка, комесар за заштита на правата на воениот персонал.

Кабинетот на Зеленски се уште нема дадено објаснување за последните промени во широкото кадровско прегрупирање на администрацијата на претседателот на Украина во последните месеци.

Во вторникот беше разрешен Олексеј Данилов, кој беше секретар на Советот за национална безбедност и одбрана, а ќе биде нов амбасадор на Украина во Молдавија, додека Валериј Залужни, кој беше разрешен од функцијата шеф на украинската вооружена силите на 8 февруари, беше назначен на почетокот на март за амбасадор на Украина во Велика Британија.

30.03.2024 - 15:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега