Зеленски ги посети украинските војници и се сретна со Гроси во Запорожје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го посети регионот Запорожје и се сретна со силите на фронтот кај Бахмут, а потоа разговараше со официјални лица и жители на Херсон.
„Чест ми е што сум денеска овде, покрај нашата армија. Благодарен сум на секој наш воин што ја бранеше Украина, нашиот суверенитет, нашите градови и нашите деца. Сигурно ќе победиме“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој се сретна и со директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, во близина на нуклеарната централа Запорожје.
Гроси подоцна напиша на Твитер дека двајцата имале „богата размена“ за заштита на електраната и нејзиниот персонал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа