Нема да има кој да ви ја скине казната: Со „сејф сити“ врски не се можни

 

Ако пишува 50, а вие возите 80, или пак веќе е жолто, а вие давате гас за да поминете побрзо, казната ќе ве стигне и и ќе ви стигне порака, а ќе ја добиете и во поштенското сандаче. Залудни ќе бидат сите вртења по телефон на пријатели бидејќи бројот на системот ќе го немате. Таков не постои.

Камерите од Сејфт сити ќе снимаат околу 100-тина булевари и крстосници, помали и поголеми улици. 90 проценти од поставувањето и инсталацијата веќе е завршено, а за помалку од два месеца, полицијата ќе го постави целосно системот Безбеден град.

Поминување на црвено и прекорачена брзина ќе бидат главните прекршоци кои ќе се санкционираат преку видео наздзорот и никој нема да може да избегне казна доколку не се придржува до сообраќајните правила и прописи, вели за Алфа, началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски.

14.01.2025 - 17:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега