Затворена плажа во Турција: Пронајдени неексплодирани мини
Плажата Софулар во црноморското одморалиште Шиле, недалеку од Истанбул, е затворена откако денеска беа пронајдени 28 неексплодирани мини, соопштија властите.
Надлежните изјавија дека мините ги пронашле нуркачи, а осум од нив се извлечени на брегот за да бидат уништени, објави турскиот телевизиски канал НТВ.
Најавено е дека мините ќе бидат неутрализирани на 2 август.
Нуркачите продолжуваат да го пребаруваат морското дно недалеку од плажата.
Полициски извор потврдил за РИА Новости дека плажата Софулар е затворена.
31.07.2023 - 23:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа