Заталкано зрно заврши во автомобил во Скопје
Вчера во 11.50 часот во СВР Скопје, Е.М.(46) од Скопје пријавила дека во дворот од семејната куќа на подрачјето на Чаир паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило покривот од нејзиното патничко возило „опел“.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Се работи на расчистување на случајот.
14.04.2025 - 13:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа