Започна исплатата на боледувањата, породилнoтo и рефундациите
Речиси сите модули на ФЗОМ, се ставени во функција, информираат од Фондот.
-ИТ експертите ги финализираат процесите и функционалностите, и со тоа започна исплата на боледувањата, породилното остуство и разни рефундации. Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и во среда. Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 05.02.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени после овој датум ќе започнат да се внесуваат во Подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата, се вели во соопштението.
Во тек е и враќањето во функција и на ДРГ системот, (кој е систем за евиденција на болничките услуги) за што јавноста навремено ќе биде известена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа