Запленети 185.000 норвешки круни на Скопскиот аеродром

 

Царинската Управа соопшти дека на Аеродромот Скопје запленила 185.000 норвешки круни.

Пронајдени се кај патник на излез од државата кој не ги пријавил истите кај царински орган.

Патникот, кој бил норвешки државјанин со потекло од Косово, во себе во црна торба носел 305 илјади норвешки круни што царинските службеници ги пронашле при контрола на скенер.

Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени 120 илјади норвешки круни, а останатите биле запленети. Против него е поднесена и соодветна пријава.

09.02.2024 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега