Заменик министерката за европски прашања во посета на Демир Хисар
Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска е во работна посета на општина Демир Хисар.
Како што соопшти Министерството за европски прашања, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев ќе остварат средба со градоначалникот на Демир Хисар, Никола Најдовски.
На средбата, додаваат оттаму, ќе се разговара за поголема искористеност на средствата од европските фондови за развој на општината.
25.04.2025 - 08:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа