Заложничката драма во Холандија заврши, приведен маскиран маж

 


Заложничката криза која траеше од рано утро заврши во источниот холандски град Еде.

Вооружен киднапер киднапирал неколку вработени во кафуле. Прво пушти тројца од нив, а потоа маскиран со рацете во воздух го напушти кафулето. Полицијата веднаш го приведе, а дека кризата е минато потврди и градоначалникот на Еде.

Веднаш по добиените информации за киднапирањето, полицијата евакуираше 150 домови и побара од граѓаните да се држат настрана од областа. Кажаа дека нема индикации оти мотивот на киднаперот е терористизам.

Околу 11:30 часот полицијата соопшти дека тројцата заложници се ослободени, а околу 12:30 часот од кафулето излегло маскирано лице, на кое полицијата веднаш му ставила лисици и го привела. Подоцна беше потврдено дека се работи за киднаперот, чии мотиви се уште не се познати.

30.03.2024 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега