Закана од бомба: Евакуирана судската зграда во Подгорица


Евакуирана е судската зграда во Подгорица поради закана од бомба добиена по електронска пошта, пренесе РТЦГ.

 

„Нешто многу големо ќе се случи, нашето братство постави многу моќен експлозив на неколку места, да видиме дали ќе го најдете пред ударот. Ве предупредуваме, а вие продолжете да ги следите политичките лидери. Да живее Србија, да живее Русија, да живее Република Српска“, се наведува во заканувачкиот мејл.

 

Во тек е контрадиверзантски преглед  во зградата на судовите во Подгорица.

 

11.03.2024 - 11:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега