Зајкова влезе во Стив Наумов: „Условите се лоши потребнo е итно санирање од корен“
По барање на студентите од Универзитетското студентско собрание, денеска пратеничките Моника Зајкова и Фиснике Бектеши и претседателот на Универзитетското собрание при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Славчо Темелковски извршија увид на просториите во студентскиот дом „Стив Наумов“, со цел да оценат дали поправките и реновирањето се одвиваат согласно предложениот Акциски план за реализација во студентските домови на активности побарани од студентите на Министерството за образование и наука.
– Импресиите се лоши, очигледно е дека е потребно да се санираат студентските домови од корен, особено „Стив Наумов“. Првиот и вториот блок се реновирани во 2009 година, а гледаме дека зградите се тотално вон употреба и тоа е засрамувачки. Не може во толку краток период да бидат во толку лоша состојба. Тоа што го видовме во оваа зграда што е пуштена во употреба е дека треба под итно да се санираат и реконструираат и тоалетите, но и да се подобрат условите за живот, изјави Зајкова.
Виктор Велевски, директор на Државниот студентски дом – Скопје најави дека во тек е завршната фаза на проектот за реконструкција на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“.
– Очекуваме во март 2023 година да почнат темелни градежни активности. Како студентски дом се изборивме во овој проект да влезе и мензата во студентскиот дом „Гоце Делчев“ што претходниот пат кога се реновираше домот, остана во таа состојба каква што е, истакна Велевски.

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа