Зајакната соработката меѓу МВР и Обвинителството за борба против криминалот

 


Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство на Северна Македонија денеска потпишаа нов Протокол за соработка, реафирмирајќи ја нивната заложба за зајакнување на меѓуинституционалната соработка и водењето поефикасни кривични истраги. Мисијата на ОБСЕ во Скопје го олесни развојот на протоколот и беше домаќин на церемонијата на потпишувањето во Скопје
.

Државниот јавен обвинител на Северна Македонија, Љупчо Коцевски, ја истакна оперативната вредност на Протоколот.

„Протоколот не е политички израз, туку оперативен план заснован на Законот за кривична постапка и други правни рамки“, изјави тој. „Ги поедноставува постапките за соработка, обезбедува јасност во комплексни случаи и ја зајакнува координацијата при посебните истражни мерки. Нашите институции се соочуваат со сѐ пософистицирани форми на криминал, а овој Протокол ни помага да го прилагодиме нашиот пристап и директно да им се спротивставиме на тие предизвици“.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ја истакна важноста на Протоколот како алатка за зајакнување на институционалната доверба и ефективност.

„Со потпишување на овој Протокол ги поставуваме темелите на доверба и соработка, каде што заедничката цел е јасна – успешно откривање и докажување на кривичните дела и нивните сторители “, изјави министерот Тошковски. „Јасни правила значат поголема ефикасност за институциите, за правда и за владеење на правото. Ова не е само правен документ, туку и знак на волја за заедничка акција, заснована на доверба, транспарентност и отчетност “.

„Со денешното потпишување, Министерството и Јавното обвинителство влегуваат во нова фаза – фаза во чиј фокус е спроведувањето на одредбите од Протоколот“, изјави амбасадорот Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во неговото излагање. „Овој чекор ќе го зајакне синџирот на кривично правосудство, ќе има видлив оперативен резултат и ќе го трасира патот за заеднички обуки. Ќе следат Стандардно оперативни процедури и практични алатки со посебен акцент на разрешувањето комплексни кривични дела како корупција, организиран криминал, финансиски криминал и кибер-криминал“.

10.04.2025 - 12:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега