Загреб: Пет лица заразени со легионела во болница

Пет лица се заразени со легионела во болницата „Ребро“ во Загреб, од кои двајца се во тешка состојба. Сите се згрижени во Загрепската клиничка болница.

Бидејќи инфекцијата со легионела била потврдена кај пет пациенти, од кои двајца се во тешка состојба, почнала истрага за потеклото на инфекцијата. Познато е дека легионела може да се шири од клима-уреди или вода.

Легионерската болест е атипична пневмонија предизвикана од бактерии. Се третира со антибиотици, „азитромицин“, кинолони или „рифампицин“.

„Веднаш го алармиравме Хрватскиот завод за јавно здравје, кој ги направи сите анализи. Во моментот во тек е пастеризацијата, односно се пушта топла вода од сите чешми во болницата“, изјави проф. д-р Миливој Новак, помошник-директор за квалитет, за „Јутарњи лист“.

Пет пациенти покажале симптоми на болеста, од кои двајца се во тешка состојба, јавува „Н1 Загреб“.

„Тоа се пациенти што се сериозно болни од основна болест, па легионелата драстично ја влоши нивната состојба“, посочи Новак.

18.06.2024 - 14:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега