НЕ ги игнорирајте овие симптоми: Слепото црево може да предизвика сериозни проблеми

 

Слепото црево е нешто кое може да создаде големи здравствени проблеми, а во некои екстремни ситуации, ако знаците и симптомите не се следат навреме, може да перфорира односно да пукне и да настане излевање, по што е можна и сепса.

Може да се јави кај секој човек независно од полот и возраста, но сепак, почесто се јавува кај млади луѓе, деца и адолесценти, а многу поретко кај постари лица или деца до две години.

Првите симптоми се како обична стомачна болка. Тоа се болки во долниот дел на стомакот, гадење, повраќање, губење апетит, како и чувство на отеченост, надуеност и болка при допир. Поради тоа многу често првите знаци се игнорирани.

Ако имате симптоми веднаш треба да се јавите на лекар. Во спротивно може да дојде до поголеми компликации, дијареа, мачнина, губење свест, огромна болка.

Доколку се потврди дијагнозата на воспаление на слепото црево, единствен начин на лекување е хируршкиот.

12.11.2024 - 18:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега