Зафирчев: Мето Јовановски беше скромен во приватноста, а жив оган на сцената

Актерот Васил Зафирчев во емотивен статус на социјалните мрежи се збогува со бардот на македонскиот театар, Мето Јовановски.

Зафирчев кој Јовановски го опишува не само како негов многу драг и почитуван колега, туку и пријател, вели дека како гром од ведро небо го погодила веста за неговата смрт.

„Единствен и неповторлив. Топол, едноставен и скромен во приватноста, а жив оган на сцената и филмското платно.  Најголемиот меѓу големите. Најмаркантното и најреферентното актерско име на нашиот театар и филм“, вели Зафирчев.

Тој изрази бескрајна благодарност за искреното пријателство кое двајцата го споделувале, но и советите на Јовановски и препораките со кои растел и созревал како актер.

16.11.2023 - 18:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега