Заев до Мицкоски: Нема да го спасите Орце Камчев од Империја, колку и пари да сте земале, секој ќе одговара

Нема да има бегање од одговорноста, ќе одговара секој што прекршил закон, без разлика колку и пари да сте земале, колку и да му должите, нема да го спасите Орче Камчев од одговорност за предметот Империја, му порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на неговиот опозициски колега, Христијан Мицкоски на денешната дебата.

Заев порача дека станува јасно дека заради финансирањето на Орце Камчев, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски свесно и намерно го кочеле Законот за јавно обвинителство. 

- Затоа правевте се за да не се донесе Законот за јавно обвинителство, дури имаше и закани кон пратеници за да не гласаат за Законот за јавно обвинителство, закани лично од Мицкоски, но ете Законот е донесен и стапи на сила. И ќе има одговорност о секој во оваа држава, како сака нека се вика, секој ќе одговара, рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 19:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега